Минчев се сретна со УНДП за унапредување на платформата за учење во јавната администрација

Сподели

Средбата беше посветена на тековниот статус и напредок на платформата за управување со учење (LMS), како и на функциите кои ги нуди системот.

На состанокот, беа презентирани предностите кои беа остварени преку ангажманот на УНДП во развојот на платформата, а се истакна и подготвеноста за континуирана поддршка на Министерството за понатамошен развој и унапредување на системот. 

Целта е да се обезбеди долгорочен и ефикасен систем за обука на административните службеници и да се придонесе за поголема инклузивност и професионален развој во јавната администрација.

Министерот Минчев изрази благодарност за соработката со УНДП и нагласи дека Министерството за јавна администрација продолжува да работи на модернизација и унапредување на капацитетите на јавните институции, особено во делот на образованието и обуката на државните службеници.

Средбата беше значајна за дефинирање на следните чекори и новите можности за подобрување на ефективноста на системот за учење во јавниот сектор.