Министерката Петровска на вонреден состанок на НАТО во Брисел

Сподели

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата.

 

 

На вонредниот состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ.

На состанокот ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.

„Обединети сме во осудата на воените дејствија во Украина, во поддршката за Украина и украинскиот народ и во подготвеноста за одвраќање и одбрана на членките на НАТО“, напиша министерката Петровска на својот фб профил.