Министерот Димитров на состанок со НАТО во Вашингтон

Сподели

Почетокот на работниот престој на МНР Никола Димитров во Вашингтон го одбележа средби со претставници на американски државни институции, за кои што заедничко беше отворено изразеното задоволство од придружувањето на Република Северна Македонија во Алијансата.

 

020419OA MNR Dimitrov Vashington 4886

Филип Рикер, Помошник Државен Секретар, осврнувајќи се на состојбата на балканскиот простор и потенцирајќи дека е неопходно државите најпрво внатрешно да се преобразат и да изградат капацитет за систем заснован на правда и вредности, упати јасни пораки:

-“Со нетрпение ве очекуваме во НАТО! Реформите, особено во однос на СЈО, се императив и неопходно е да се зачува независноста на СЈО (во рамките на ЈО) и неговиот капацитет, во интерес на правдата и одговорноста за корупција!”

-“Договорот од Преспа како соодветен пример за надминување на конфликтни ситуации, не само во нашиот регион туку и пошироко. Министерот Димитров искажа благодарност за покажаната поддршка од страна на Конгресот, и очекување дека САД, како наш докажан партнер, без застој ќе го ратификува Протоколот за полноправно членство во НАТО – изјави конгресменот Б. Бојл.

Министерот Димитров беше интервјуиран и за специјализираниот Магазин Надворешна политика” (Foreign Policy)..

020419OA MNR Dimitrov Vashington Podkast intervju 4820

Министерот Никола Димитров, денеска ќе присуствува на обраќањето на Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг, каде заедно со грчкиот колега, ќе учествува на сесија на NATO ENGAGES, посветена на Наследството и улогата на НАТО политиката на отворени врати”, по што следуваат заедничко интервју со МНР Катругалос, како и интервју за Гласот на Америка”.

По приемот за одбележување на 70-годишнината од формирањето на Алијансата, министерот Димитров ќе оствари средба со Државниот Секретар на САД, Помпео. Во текот на денот планирани се и повеќе билатерални средби.