Министерот Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите

Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и заедништвото во овие тешки моменти:

„Нема зборови што можат да ја опишат болката од загубата на човечки животи во оваа трагедија. Во овие тешки моменти, најважно е да останеме обединети во тагата и поддршката за семејствата на загинатите.

Оваа трагедија нè потсетува на нашата заедничка одговорност да работиме на превенција и заштита, за да не дозволиме вакви несреќи да се повторат.

Изразувам најискрено сочувство до сите погодени.

Нека почиваат во мир.“