Министерскиот совет на ЕУ ќе одлучува за пристапните преговори на Северна Македонија

Сподели

 

Заклучоците на финското претседателство на вечерашниот состанок во Луксембург на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, не го усвоија предлогот да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија, пренесуваат МИА и Телма.

За овој предлог ќе расправаат министрите за надворешни работи, утре во Луксембург.

Франција на амбасадорскиот состанок не поддржала ниту одвојување на Северна Македонија од Албанија, ниту пак ги прифатила предлозите на финското претседателство. Холандија и Данска кои имаа резерви кон проширувањето се за одвојување на Македонија од Албанија.

Франција останува на ставот дека прво треба да се промени начинот на преговарање со Унијата, кој сега го смета за премногу технички, а потоа да се отвораат преговори со идните членки.