Министерство за здравство: Од следната недела гинеколог во амбулантата во Шуто Оризари

Сподели

 

Амбулантата во Шуто Оризари од следната недела ќе добие гинеколог, со што се решава решава долгогодишен проблем и се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.

Ова денес го објави министерството за здравство по работната средба на министерот Арбен Таравари со министерот без ресор, Самка Ибраимовски.

Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.