Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзална сала

Сподели

 

Владата на вечерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на објектот Универзална сала во Скопје, со што ова право се пренесува од Град Скопје, на Министерството за култура.

Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година).

Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.