Митко Јанчев: Мицкоски го надмина и Груевски

Сподели

 

-“Уште еднаш, по кој знае кој пат се покажува вистинскиот лик и авторитарната нишка на Христијан Мицкоски. Секаде во цивилизираниот свет градоначалниците присуствуваат на јавни трибини од спротивните политички табори, се со цел за да ги слушнат пораките кои се наменети за доброто на сите граѓани. Оттука, срамно е тоа што Христијан Мицкоски јавно ме премолчува, а тајно на портали игра подземни игри: ме дискредитира и како човек и како градоначалник. Со тоа тој свесно или не, дискредитирајќи ме мене,го дискредитира градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој што со својата работа и посветеност секој ден покажува која е нашата мисија, а тоа е да се работи за доброто на народот, граѓаните да се стават на прво место, пред личните и партиските интереси. Едноставно, срамно е – изјави Митко Јанчев за “Фокус”, по нападите на опозицијата откако присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци.

fokus.mk