Мицкоски да одговори како неговата компанија експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали?

Сподели

Антизападниот пион Христијан Мицкоски втор ден бега од јавноста за шемите со неговиот ментор Никола Груевски.

Но, поврзаноста со криминалите Никола Груевски излегуваат на виделина, јавноста ќе ја дознае целата вистина.

Овој документ покажува дека антизападниот пион, Христијан Мицкоски, е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година.

Оваа компанија каде што сопственик е антизападниот пион Христијан Мицкоски, заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје.

Овој конзорциум, во кој удел има антизападниот пион Мицкоски, во јуни 2014 се пријавил на јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали.

Повикот е објавен од Владата на носителот на криминалот, Никола Груевски.

За рекордно време од околу два и пол месеци од основањето на Енерготек ДОО Скопје конзорциоумот кадешто удел има Мицкоски добил концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река.

Антизападниот Мицкоски треба да одговори како тоа по само два и пол месеци од формирањето на Енерготек, конзорциумот во кој тој има удел, од Владата на носителот на криминалот Груевски, добива согласност за изградба на две хидроцентрали?

Знаел ли антизапдниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа формирал фирма?

Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?

Јавноста ги очекува овие одговори.

Антизападниот пион Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски.

Секојдневно на површина излегуваат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

Но, ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски, туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.