Мицкоски: На маса сакам да видам гаранции и одбивам да бидам прогласен анти ЕУ

Сподели

 

„На маса сакам да видам гаранции, бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за македонскиот јазик, да видам гаранции дека македонскиот народ има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи. И трета гаранција е дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да нѐ попречува да станеме земја членка на ЕУ“, рече Мицкоски во гостувањето на Сител.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е можно да се постигне договор со Бугарија, но ЕУ треба да биде гарант за јазикот и идентитетот. Мицкоски додаде таков договор „каков што планира да го потпише Ковачевски“ нема да биде помине во парламентот.

„И одбивам да бидам прогласен анти ЕУ“, рече Мицкоски.