Мицкоски: Пендаровски претставува лик на заевизмот

Сподели

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ја видовте реалната слика денеска на пазарот овде, полупразни тезги, полупразен пазар, бидејќи сега нема купувачи, луѓето се жалат, пазарџиите се жалат разочарани од односот на оваа криминална непотистичка и насилничка влада предводена од деспотот Заев.

Прометот им е паднат. Практично сето она коешто ние изминативе речиси две години откако владата на СДСМ и Заев е на власт, ние апелираме не само што не дојде живот туку навистина пекол донесоа. Реалноста можете и вие да ја видите денеска на пазарот овдека во Охрид.

Има една траорна атмосфера, нема купувачи пазарџиите се жалат, сите оние законски решенија коишто изминатиот период владата ги донесе се на штета на пазарџиите. Наместо да понуди решенија за нивните проблеми, они понудија одлагање на законското решение.

Со нашите посети на пазарите во Република Македонија ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе законски решенија кои ќе бидат во корист на пазарџиите.

Прашање: Како го коментирате изборот на кандидатот Стево Пендаровски?

Одговор: Па не така одамна кажавме во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам. Се додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да иде напред, односно ќе се движи во погрешна насока.

Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот.

Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години.