Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на законот за амнестија кој што е поднесен во Собрание и дали ќе се блокира со амандмани истакна дека владата СДСМ-ДУИ се подготвува за опозиција а ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија со амандмани бидејќи намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои што служат затворски казни а идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да се пресмета со криминалот од било каков облик.
„Па видете, владата на СДСМ -ДУИ, односно ДУИ-СДСМ како ви е полесно, се подготвува за сериозна опозиција, да, ние ќе го блокираме, тука не треба да има никаква дилема, ова не е закон со европско знаменце како што беа измените во кривичниот законик и ние ќе го блокираме во рамките на собраниската процедура, зошто овој закон има двојна намена првата е да ослободат криминалци кои одлежуваат затворска казна, бидејќи така им ветиле, тука не мислам само на СДСМ и ДУИ туку и на помалиот коалиционен партнер мислам на Алијансата за Албанците ако воопшто постои, ако не е претопена во ДУИ или барем ној дел кој што се идентификува како Алијанса за Албанците, значи тоа се преземени обврски кон криминалците кои што се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување делумна амнестија, дел да добијат целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат, можам да ги разочарам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од било каков облик, дали се тоа вакви криминалци кои што се занимаваат со изнуда, ограбувања, рекетирање, насилство итн. или политичките криминалци кои што денеска се дел од владата“, нагласи Мицкоски.