Мицкоски за ДВ: Не очекувам други наши пратеници да гласаат „за“

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името, изјави за Дојче веле лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето – постои ли можност пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ги надоместат гласовите кои се доведени во прашање со условите на Беса.

Таков јавен совет завчера даде поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој сугерираше дека е сега е моментот пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, со цел Заев да не прави нови отстапки во Договорот со Грција под притисок на Беса.

Мицкоски вели дека за него лично „е неприфатливо таквото пазарџиско однесување, особено не преку медиуми, за така чувствителни прашања“. „Пандорината кутија во овој процес ја отвори Зоран Заев и препорачувам од него да се бараат одговори за ваквата ситуација, а не од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, Заев од премногу дриблање почнува да си дава и автоголови и да праќа посредници, што само ја покажува неефикасноста на целиот процес и неприродниот и насилен начин на кој сака да дојде до целта“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Текстот во целост прочитајте го тука