Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повторно игра на картата поделба, бидејќи сакал да направи поделба во опозицијата, но не му успеало, а истото сакал да го стори и со народот кога ги нарекол радикални десничари оние што учествувале во протестите.
Според него, грчката Влада без план и без гаранции тргнала да даде сѐ, и вели дека за тоа доволни и биле само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот.
Мицотакис вели дека Ципрас, наместо да создаде консензус и поддршка од опозициските партии, формирајќи една заедничка линија, одбрал прашањето за името да го искористи за партиски интереси.
Според него, преговарањето на Владата уште од почеток било погрешно.
-Дури и основните прашања за иредентизмот и промената на Уставот ги ставија во агендата по соодветните барања од Нова демократија. И до овој момент сѐ уште не е разјаснето дали овие промени навистина се неопходен предуслов за да продолжи било каков разговор за името, како што ние се залагаме – вели Мицотакис.