Мизрахи го крши Уставот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат членството во НАТО и ЕУ

Сподели

 

Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го крши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор.

Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа.

Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ.

Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.

Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси – се наведува во соопштението на СДСМ.