МКЦ: Премиера на документарната театарска претстава “ЧЕКАЛНА”

Сподели

 

Како уметнички колектив, инспирирани од делото на Клаус Пол „Waiting room – Germany“, ја поставуваме оваа документарна театарска претстава, засновајќи ја на нашето истражување за начините на кои непрестајната општествена транзиција се одразува врз личното секојдневие на луѓето во изминативе 3 децении.
 
Во текот на истражувачкиот процес, интервјуиравме луѓе со различна културолошка, јазична, психосоциолошка и егзистенцијална позадина, и би сакале да им изразиме бескрајна благодарност што се осмелија да ни споделат лични и интимни сведоштва, кои пак, го добија својот драмски облик.
 
Секоја приказна што ја одбравме да биде дел од оваа претстава имаме обврска да ја пренесеме автентично, запазувајќи ги поединечните ставови, размисли и доживувања на секој од интервјуираните луѓе. Со тоа потенцираме дека приказните што ќе ги слушнете, не подразбира дека пренесуваат некаков личен став или гледиште на индивидуите кои се дел од нашиот колектив.
 
Играат:
Дарко Ристовски
Наталија Ристеска
Никола Ристески
Стефанија Митовска
Марија Димитрова
Томислав Давидовски
Режија: Кристина Димитрова
Драматизација: Ева Камчевска
Продуцент: Дино Чупевски
Сценограф: Мартин Манев
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Композитор: Томе Темелкоски
Графичка дизајнерка: Ива Јованова
 
Изведбите се закажани за 24 и 25 август во Денсинг сала во МКЦ, со почеток од 20 часот.
– Картите се достапни на веб страницата и билетарата на МКЦ по цена од 300 денари.
 Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за Култура, Град Скопје, КСП Центар – Јадро и МКЦ.