МКЦ и кино Фросина се вклучуваат во светската премиера на концертниот филм “Distant Sky” – Nick Cave & The Bad Seeds во живо, кој ќе биде прикажан на 12 април, 2018 во 500 кина во светот истовремено. Снимен во “Royal arena”, Копенхаген, во октомври 2017, филмот го отсликува неверојатниот и триумфален концерт на бендот за кој овој концерт претставува нивно прво појавување пред публика по цели три години пауза. Свирејќи го нивниот последен албум, “Skeleton tree” покрај другите стандардни композиции од нивниот есенцијален каталог, концертот пред данската публика предизвикува екстатична реакција кај фановите, критичарите и колегите музичари, а истовремено ја обновува и длабоката и интимна врска, која шаманот Кејв ја остварува каде и да свири. Нивната успешна турнеја започнува во јануари 2017 во Австралија, потем продолжува во САД и завршува во Европа, каде што свират и денес.
Филмот е во режија на Давид Бернард.
Почетокот на проекцијата е во 20 часот, а билет чини 200 денари. Билети само на билетарницата на МКЦ.