ММФ ги поддржува реформите на Макрон

Сподели

Меѓународниот монетарен фонд ги поздрави амбициозните и храбри реформи кои ги најавија претседателот на Франција, Емануел Макрон, и неговата влада.

Од ММФ соопштија дека реформите во голема мерка ќе придонесат за решавање на економските предизвици со кои Франција се соочува долго време.

Во годишната проценка на француската економија ММФ како посебни предизвици ги наведе константниот фиксен дисбаланс, порастот на невработеноста и слабата надворешна конкурентност.

ММФ ѝ одбри на француската влада да го намали дефицитот за да ја исполни обврската дефицитот да го одржува на три отсто од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на годината.

ММФ, истот така, силно ги поддржува и реформите на пазарот на трудот кои биле оценети како „широки и амбициозни“.