ММФ нема да назначи нов претставник во Македонија по завршување на мандатот на Гитон

Сподели

mmf

Со завршувањето на мандатот на постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Република Македонија, Патрик Гитон, ММФ нема да назначи нов претставник на негово место.

– Локалната канцеларија на ММФ ќе продолжи со својата работа во Македонија со што и понатаму ќе се одржи силното присуство и протек на комуникација помеѓу ММФ и земјава. При донесувањето на оваа одлука, ММФ го зема предвид фактот дека засиленото присуство во земјава не е приоритет во момент кога нема активна програма на ММФ во Македонија – се вели во објаснувањето на ММФ.

Оттаму информираат дека Меѓународниот монетарен фонд и понатаму ќе продолжи со одржување на основната мисија, односно надзор на макроекономските развои и политики, вклучително и обезбедување техничка помош.

Ова е првпат Македонија да остане без претставник на ММФ, и покрај тоа што во одредени периоди сме немале аранжамни со оваа институција.

meta.mk