МНР: Доколку вашиот престој во странство станува нерегулиран, обратете се до министерството

Сподели

 

Министерството за надворешни работи објави известување за македонските граѓани кои се наоѓаат во странство да ги проследат следните информации:

Доколку сте затекнати во странство заради COVID-19, а вашиот престој станува нерегулиран или веќе е спротивен на законските прописи на државата каде сте се нашле, обратете се до Министерството за надворешни работи.

Одредени земји воведуваат посебни регулативи заради кризата.

На следниот линк се објавени контакти и повеќе информации: https://mfa.gov.mk/page/1706/covid-19