МНР ги осуди инцидентите во Солун

Сподели

Владата на Република Македонија продолжува искрено да ги гради мерките на доверба со Република Грција, со цел достоинствено да придонесеме кон решенија на отворените прашања во интерес на граѓаните на двете земји.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија е уверено дека целиот регион и нашите две земји се на вистинскиот пат на доброседство кој ќе резултира со исполнување на евроатланските интеграции на нашата земја, како и стабилност и економски развој на целиот регион.

За жал сѐуште се случуваат изолирани инциденти како денешниот во Солун,  предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение.

Мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји