МНР ги осудува непримерните квалификации во содржината од Благоевград за македонскиот народ

Сподели

 

Во врска со Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ.

Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување. 

Уште еднаш потенцираме дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството и во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓу-гранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската  соработка, информираат од МНР.