Вечерва во централниот дел на Италијанската Република беа почувствувани серија земјотреси. Во моментов нема информации за евентуални поголеми штети и/или повредени граѓани,соопшти Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
МНР ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.
Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија.