“Согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, информираме дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија. Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од нив кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот” – известуваат од МНР.