МОБ, Балет “Рајмонда” – Александар Глазунов, 26. март
Диригент: Едуард Амбарцумјан (Русија)
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска
Во главните улоги:
Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска
Жан де Бриен: Васил Чичијашвили (Грузија)
Абдурахман: Давиде Буфоне (Италија)
Бела Дама: Наташа Јосифовска
Настапуваат: истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на МОБ
Рајмонда
„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството, честа и т.н.
Во „Рајмонда“ тоа е Белата Дама со нејзиниот Бел Шал, инаку покровителка на благородничкото семејство на младата грофица Рајмонда де Дорис. Таа „секогаш“ е тука за да ја спаси честа на аристократите. Дилемата на младата грофица Рајмонда, кого да одбере за брачен сопатник, славниот благороднички рицар Жан де Бриен, или гордиот и властољубив сараценски јунак Абдерахман, Белата Дама, ја разрешува во корист на де Бриен.