МОБ: “ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО”-Петар Илич Чајковски, 12. април

Сподели

МОБ, “ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО”- Петар Илич Чајковски, 12. април

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори:Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска
Концерт мајстор:

Во главните улоги:
Одета, Одилија: Мими Поп Алексова Атанасовска
Принц Зигфрид: Бобан Ковачевски
Ротбарт: Игор Веланоски

„ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“
Опстојувајќи на сцената повеќе од 130 години, „Лебедово езеро“ е без сомнение најголемото балетско дело на сите времиња. Успехот на балетот во најголема мера се должи на прекрасната музика на Петар Илич Чајковски што претставува едно од најголемите уметнички остварувања во историјата. Чајковски балетот го завршил во 1876 година за Бољшој театарот од Москва. Во кореографија на Јулиус Рајзингер, балетот премиерно е изведен на 22 февруари 1877 година. Без намера да направи реформа во балетската музика, Чајковски се оддал на пишување на „Лебедово езеро“ третирајќи го балетот како уметничка форма достојна за имагинативна музичка содржина.