МОДОМ: Итно да се намалат огромните трошоци на студентите!

Сподели

 

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ јавно алармира за огромните трошоци кои ги имаат студентите во време на ковид криза. Во ситуација кога наставата се одвива на далечина, студентите сеуште имаат високи дополнителни трошоци и покрај редовната годишна партиципација. Младите се една од најпогодените категории од ковид кризата. Младинската невработеност се зголемува, кризниот менаџмент на Универзитетите и високобразовните установи треба да биде активиран со цел заштита на студентите.

МОДОМ повикува на разбирање од универзитетите, намалување и по можност кратење на дополнителните трошоци, консултација со студентите и студентските претставници. Солидарност пред сѐ!