Могерини ги покани балканските премиери на вечера, го очекува и Заев

Сподели

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, ги поканила премиерите од шест балкански земји на неформална вечера на 24 мај во Брисел, објави порталот „Нова ТВ“.

Могерини го очекувала и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика дали дотогаш ќе било финализирано формирањето на новата влада на Македонија.

Тема на неформалниот состанок ќе биде ситуацијата во регионот во светло на последните настани и да се разговара како понатаму.