ИСТАНБУЛ (АА) – Деветмина спортисти, од кои 6 имаат добиено медал, се казнети поради позитивнот допинг-тест на Олимписките игри 2008 година во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) беше потврдено дека на 6 спортисти им се одземаат наградите, 4 сребрени и 2 бронзени медали, а пак другите тројца спортисти кои не добиле награда се дисквалификуваат од натпреварот.
Спортистите за кои се потврдени позитивните резултати од допинг-тестот се узбекистанскиот борач Сослан Тигиев (сребрен медал), руската гимнастичарка Екатерина Волкова (бронзен медал), Украинката Олга Коробка, кревач на тегови (сребрен медал), казахстанскиот слободен борач Таимураз Тигвиев (сребрен медал), белоруските кревачи на тегови Анастасија Новикова (бронзен медал) и Андреј Рибаков (сребрен медал), азербејџанскиот кревач на тегови Сердар Хасанов, атлетичарката Жозефин Онија и кубанскиот скокач во далечина Вилфредо Мартинез.
Тигиев од Узбекисан исто така го загуби и бронзениот медал што го доби на Олимписките игри во Лондон 2012 година, поради позитивнот допинг-тест.