Молотови коктели за пратеничката Ѕакри, која го подржува Преспанскиот договор

Сподели

Непознати лица со молотови коктели синоќа го нападнале домот на пратеничката од СИРИЗА, Теодора Ѕакри, додека во него било нејзиното семејство во грчкиот град Јаница, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, Ѕакри вели дека станува збор за убиствен напад  за кој одговорни се „политичките сили чија антипатија ја подели земјата и им даде право и комфор на секој фашист и убиец  да излезе и да се чувствува силен“.

-Сакам до сите овие убијци да испратам порака дека решително ќе продолжам да се борам за моите идеи и верувања секогаш со националниот интерес како водечки критериум. Ги повикувам сите сили, на демократијата и напредокот да издигнат непропустлив ѕид против фашистичката закана и ги осудат и изолираат  носителите на овие одбивни идеи и постапки, вели Ѕакри во изјавата за АНА-МПА.