Морачанин: Скандалозна е мизогината изјава на владиката Петар

Сподели

 

Скандалозна е мизогината изјава на владиката Петар, која изобилува со родово базирана дискриминација и говор на омраза, напиша Маја Морачанин, претседателка на Зелената партија ДОМ..
 
-Жените кои барале поголеми права требале да бидат подготвени и способни да извршуваат повеќе должности.
 
-Жените во Македонија извршуваат 72,5% од вкупната неплатена работа за грижа за домот и децата и токму грижата за домаќинството, децата и постарите е основната причина поради која повеќе од половина од работоспособните жени се неактивни на пазарот на труд.
 
-Секоја трета жена во земјава е жртва на родово базирано насилство и во 90% од случаите на семејно насилство, жртвите се жени.
 
-Над 80% од самохраните родители се мајки и овие жени се тивките хероини кои заслужуваат поддршка и помош, а не стигматизација.
 
Патријархатот, предрасудите и стереотипите се опасност за македонското општество, а не феминизмот и родовата еднаквост, изјави Морачанин.