Руските воени сили во Сирија спречиле обид на околу 5.000 екстремисти да поведат офанзива југозападно од Алепо, при што се убиени повеќе од 800 екстремисти, соопшти началникот на главниот операциски оддел на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској.
При борбите, руските сили на бунтовниците им уништиле 14 тенкови, десет други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.
Рудској рече дека офанзивата ја повела екстремистичката група Џабат ал нусра.
Во меѓувреме, Сириската опсерваторија за човековите права соопшти дека 12 лица се убиени во руски воздушен напад во Северна Сирија, неколку часа откако Москва објави дека еден од нејзините хеликоптери бил соборен во регионот и оти сите пет лица во него загинале.
Меѓу дванаесетте убиени лица, според организацијата, имало и две деца.
Извори на локалните бунтовници изјавија дека руски авиони извршиле 33 напади во регионот по соборувањето на хеликоптерот со петте членови на екипаж, кои загинаа.
Извор:http://meta.mk/moskva-sprechena-ofanziva-na-alepo-ubieni-800-ekstremisti/