И покрај испратениот допис до ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој претставник во работната група за подготовка на нов Изборен законик, како и поканата претседателот на работната група да биде нивен предлог, досега до Министерството за правда нема пристигнато никаков одговор, ниту позитивен ниту негативен. За ова се известени сите меѓународни фактори и организации, информираат од Министерството за правда.
Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изброрен законик ќе се формира во најкус можен рок.
Министерството за правда смета дека во нејзината работа треба да учествува и ВМРО ДПМНЕ.