МПМ оди во рацете на СЈО

Сподели

Специјалното Јавно Обвинителство ја презема надлежноста за случајот МПМ од скопското обвинителство. СЈО од сега ќе ја води истрагата за тоа како згаснаа трите весници и ќе ги истражува сомнежите за злоупотреба на службената положба од тогашните први луѓе на фирмата, Срѓан Керим и Јана Станисављева.

Телоп ОЈО Скопје – Денеска добивме допис од СЈО дека воспоставуваат надлежност.  Во текот на предистрагата која ја водевме овде упативме известување до СЈО дека се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ.

Се чешлаат финансиските  исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза.Од обвинителството брифираат дека сомнежите за економски криминал ги проверувале  преку одделението за компјутерски криминал во МВР. Се проверувала  сметката,  висината на приходите на управителката Јана Станисављева, дали одлуките за нејзината висина на плата од 25 000 евра месечно се законски, дали финансиите се поврзани со паѓањето во долгови на фирмата. Од СЈО ја потврдија истрагата, но не споделуваат детали.

Медиа принт Македонија сега е во стечајна постапка. Недвижниот имот се продава по пат на јавно наддавање. Првата електронска аукција е завршена и распродадени се возила, земјиште и фотоапарати. Наскоро се очекува и втората аукција. Стотина вработени кои тогаш останаа на улица очекуваат во октомври да им стигнат и платите и опремнини за повеќе месеци.