МТСП: Нема да се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

Сподели

 

„Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година.

Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година.

“Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027” е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.

И во оваа прилика ги осудуваме дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните“, се наведува во реакцијата на МТСП.