МТСП: Петок е неработен ден за сите граѓани

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.