Мултимедијална изложба „Тркало на времето“ на Марко Бањоли

Сподели

Во Националната галерија – Чифте амам вечер (23 април) во 19:00 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.

Од „Остен“ информираат дека со оваа изложба ја објавуваат одлуката на Советот на ОСТЕН „Земја во фокус“ на биеналето ОСТЕН Скопје 2024 да биде Италија. 

Изложбата е организирана во соработка со Асоцијацијата за современа уметност „Зеринтија“, а  со поддршка од Италијанската амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.