Во сабота и на 14 септември, во Куршумли Ан, ќе се одржи манифестацијата „Мултимедијална летна ноќ“, во рамки на одбележување на 30 години независнот на нашата држава, со почеток во 21 часот.
Мултимедијалната ноќ ќе го долови духот на филмот, музиката, поезијата, ликовната уметност, животот и творештвото на Блаже Конески, Кочо Рацин и Петре М. Андреевски.
Со актерски и сликарски перфоманси, на истакнати поети од различни генерации и националности, како Сузана Мицева, Стојан Арсиќ, Арлинд Фаризи, Лејла Шериф, Сејдо Јашаров кои ќе настапат со свои стихови и ќе презентираат и дел од своето творештво.
Мултимедијалната летна ноќ, свое продолжение преку музика и поезија, ќе има на 14 септември, кога ќе настапат и музичарите Глигор Кондовски на виолина, Јован Василевски на пијано и познатиот музичар Горан Трајковски.
Програмата ќе ја води Оливера Петрушевска.