Музичко-поетска вечер во КИЦ Истанбул 

Сподели

Во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи музичко-поетска вечер „Звуците на сенките на балот“ – концерт на Шкелзен Пајазити – виолина, Ендра Адеми – пијано, Дијана Малолари Пајазити – сопран и Артан Арслани – поет.

Ќе бидат изведени дела од Моцарт, Шуберт, Масне, Лехар, Скаловски, Ѓока и Фалво, а ќе биде интерпретирана и авторска поезија од поетот Артан Арслани.