МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 27.08.2024 во 11.35 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар. Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава. На 27.08.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово во Скопје било пријавено дека околу 12.00 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.   Денеска (28.08.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ф.Б.(22) од с.Сарај-скопско и М.Б.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  На 27.08.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Б.К.(44) од Скопје пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од две лица кои употребиле и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје Б.Р.(22) од Скопје пријавил дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, каде работел како обезбедување, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   На 27.08.2024 во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.  На 27.08.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје Б.Н.(26) од Скопје пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.Н.(34) од с.Кондово, скопско, поради тоа што спречувал полициски службеници во вршење службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека на 02.08.2024 на подрачјето на Карпош, во објект каде работела Т.П. од Скопје недолично се однесувал и ја фатил за раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Денеска (28.08.2024) во 01.45 часот во СВР Штип, 29-годишна жена пријавила дека околу 01.10 часот во Штип била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Кочани, Е.И.(43) од Кочани пријавила дека на 24.08.2024 околу 23.50 часот во угостителски објект нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници од населбата Оризари, кочанско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Виница, 53-годишна жена од виничко село пријавила дека на 27.08.2024 околу 02.00 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот зет Г.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 13.45 часот во  СВР Штип, 70-годишна жена од Штип пријавила дека на 26.08.2024 околу 16.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг В.А.(65). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   На 27.08.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, Б.Л.(27) од Кочани пријавила дека на ул.„Славчо Стоименов“ во Кочани била касната од куче скитник. На 27.08.2024 во 17.40 часот на локалниот пат с.Велешта кон с.Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од с.Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 27.08.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Кичево, Ф.С.(39) од Кичево пријавил дека околу 21.00 часот на кружниот тек во Кичево, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно женско лице, кое го управувало другото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 19.48 часот во СВР Охрид, В.А.(61) од Куманово, со престој во Охрид, пријавил дека во авто камп во Охрид бил физички нападнат од Б.А. од Скопје, кој употребил тврд предмет. Исто така во 22.30 часот Х.Б.(18) од с.Грчец, скопско, пријавил дека В.А. му се заканувал со моторна пила и бил каснат од кучето на В.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.08.2024 во 18.00 часот во ОВР Струга, В.С.З.(37) од с.Враништа, струшко пријавила дека околу 11.00 часот во селото, поради претходна расправија за паркинг простор, била физички нападната од В.З. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 27.08.2024 во 18.30 часот во ОВР Струга, В.М.(55) пријавила дека околу 16.30 часот на градскиот пазар во Струга била физички нападната од С.Т.(27), двајцата од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 27.08.2024 во 21.05 часот било пријавено дека во обложувалница во Струга, едно лице одзело пари од вработената, која во обид да го спречи паднала и се здобила со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.