МВР: 291 санкции за пребрзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возачи. Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.