Сабајлево во 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје и во 2 училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.