Министерството за внатрешни работи ги добило решенијата за притвор на Горан Грујовски и Никола Бошковски, функционерите од УБК обвинети за незаконското прислушување и злоупотреба на системите за прислушување ќе одат во притвор. Како што брифираат од министерството, решенијата од судот ги добиле доцна вечерва, пренесува ТВ 21.
Инаку Врховниот суд претпладнево ги потврди решенијата на Апелациониот суд за притвор за екс началникот во Петтата управа Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошковски, обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тврдина“ и „Таргет“. Додека одлуката за притвор за поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски ја преиначи во мерки на претпазливост односно одземање на пасошите. На Грујовски и Бошковски им е определен триесетдневен притвор.