МВР издава потврди на граѓаните за документи кои не го содржат новото име

Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството, кои не го содржат новото име на државата Република Северна Македонија.

„Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна Македонија. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции  за странци кои по било кој основ престојуваат во државата. Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија“, соопштуваат од МВР.