МВР најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања

Сподели

Во врска со вчерашниот случај на физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кој се случи на ул. Гвадалахара во населбата Шуто оризари, Министерството за внатрешни работи информира дека веднаш по добиената пријава за нарушување на јавниот ред и мир, преземени се мерки за расчистување на кривично-правниот настан. Идентификувани се и повикани на разговор пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка
е прибирањето докази за понатамошно постапување.

Министерството за внатрешни работи најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања. Изборниот процес е наменет за преставување на кандидатите и нивните програми и министерството смета дека тоа е единствениот начин преку кој граѓаните треба да бидат запознаени со учесниците во изборниот процес. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и
загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.