МВР: Пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш

Сподели

thumbs_b_c_1d493f5adae31b6914a3910aa0f92892

СКОПЈЕ (АА) – Министерството за внатрешни работи на Република Македонија информира дека утрово на локалниот пат с. Речица- Ваксинце, во близина на македонската северна граница, при контрола на товарно возило пронајде 73 мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).

„На 02.07.2016 година околу 06,00 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Белановце“, на локалниот пат од с.Речица-с.Ваксинце, при контрола на ТМВ„Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Истиот е приведен и во моментов се врши разговор”, се наведува во соопштението на МВР.

Се додава дека е известен јавен обвинител за понатамошна постапка и дека се работи на целосно расчистување на случајот.