МВР во акција по налог на ОЈО за гонење на организиран криминал – има поранешни високи функционери, административни службеници

Сподели

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.

По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.

Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес – изјавија од МВР.

Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали.