СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Н.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 06.09.2024 во Прилеп, пријавениот им овозможил на две лица да користат марихуана, а при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.В.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела на место викано „Довлеџик“ во државна сопственост, пријавениот изградил барака, без претходно да обезбеди решение за градба од општина Битола.
На 26/27.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.И.(22), Ф.Б.(38), Д.Н.(26), сите од Скопје, како и Б.С.(22) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.05.2025 во 00.37 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-Могила, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 26.05.2025 во 14.15 часот во Скопје полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Скопје го лишија од слобода Ј.А.(42) од Р.Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик односно затоа што во патната исправа имал фалсификуван влезен печат. За настанот е известен јавен обвинител, а Ј.А. е задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(52) од струшкото село Мислодежда и против правен субјект со седиште во струшкото село Ново село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик „фалсификување исправа“. На 17.02.2025 пријавениот С.М., во својство на потписник на правниот субјект, неовластено и спротивно на членот 70 од Законот за шуми, изготвил фалсификат испратница за превоз на дабово и буково огревно дрво од складот на правниот субјект до Скопје и внел лажни податоци за потеклото на дрвната маса и основот за превоз, по што се потпишал во име на овластен шумски инжинер, без негова согласност. При контрола на товарното возило кое вршело транспорт на огревното дрво, тим од полициски службеници од МВР и шумска полиција, откако утврдиле фалсификувана исправа и бесправна сеча, го одзеле возилото со вкупно 34 метри просторни огревно дрво.
На 26.05.2025 во 21.16 часот во СВР Скопје, З.Д.(30) од с.Цветово, скопско, пријавил дека во с.Варвара, скопско, по претходна расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од с.Елово, скопско, Е.Б. пукал кон него и му нанел повреда во ногата. Потоа З.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.05.2025 во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија, 33-годишна жена пријавила дека на 26.05.2025 околу 00.00 часот во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2025 во 10.15 часот во Полициската станица Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Ш.(36) од с.Прналија, радовишко, кој, според пријавеното, се здобил со повреди додека бил на своето работно место во фирма во Радовиш. За настанот е известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
На 26.05.2025 во 13 часот во СВР Скопје, К.Т.(65) од Скопје пријавил дека од Градските гробишта Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35), а исто така и нејзин родина Б.„Н“ со остар предмет му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2025 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, Ф.И.(26) бил физички нападнат од Д.П.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.05.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, Р.И.(44) од Скопје пријавил дека околу 18 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Х.А.(30). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2025 во 23.00 часот, во СВР Скопје 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77-годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2025 во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Излезено е на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Денеска (27.05.2025) во 02.30 часот во СВР Струмица, Е.Д.(51) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Б.Д.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 26.05.2025 во 02.00 часот во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.А.(45), постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (27.05.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.К.М.(82). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
На 26.05.2025 во 11.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во објект-погон сопственост на Р.Ѓ.(76) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
