МЗ: Од јануари исплата на приватните специјализанти

Сподели

 

Приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година, информираат од Министерството за здравство.
 
МЗ информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.
 
За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.