Завршено со поставувањето на новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија.
Поставени се четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Интензивно работиме и на доопремување на модуларната амбуланта со медицинска и немедицинска опрема. Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти. Монтажната амбуланта е исклучително важна во наредниот период и ги исполнува најсовремените стандарди за работа – соопштуваат од Министерството за здравство.